ЦУК: Најтешки се пожарите во делчевскиот и пехчевскиот регион

од desk4

Најтешки се пожарите во делчевскиот и пехчевскиот регион – Нов Иствник, Пасјак, Трботивиште и Разловци. Во моментот се дејствува со жива сила, со материјално-технички средства, со поддршка и помош од хеликоптерската единица на АРМ и на соседната држава Србија. Но, времето и условите се исклучително тешки. Јачината на ветерот е 60 километри на час и сето тоа отежнува и придонесува да не може да се дејствува и да се спречи пожарното дејство, изјави попладнево раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи, Горан Стојановски.

Многу тешка е состојбата и во Пехчево и во овој момент се дејствува во месноста викана Бајаз Тепе, Црник, Мачево.

– Има некаде над 350 луѓе на тој потег, помогнати масовно од мештаните на Пехчево, но состојбите се уште не се под контрола. Можно е пожарот да избега во правец на Република Бугарија. Со сигурност не можеме да кажеме. Правиме напори за вклучување на дополнителни хеликоптери за да можеме барем тој појас да го заштитиме и оневозможиме продирање на просторот на територија на Република Бугарија. Се прават пресеци со градежни машини, се заоруваат ниви, односно и необработливи површини, се сечат дрвја се со цел да се спречи понатамошното интензивно ширење, потенцира Стојановски.

Слични содржини