ЦУK оддржа работилница за НАТО вежба и работна посета на РЦУК Струга

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денес оствари  работа посета во Струга, при што, прво имаше воведно обраќање на Работилница во контекст на подготовките за финалната конференција на НАТО ЕАДРЦЦ вежбата „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021 – НАТО СПС НИКС“ во Струга. Веднаш по дискусијата, посети дел од плнираните вежбовни точки, кои според вежбовното сценарио се предвидени за реални вежби на странските и домашни тимови за спасување на вода. Потоа, Ангелов, оствари и работна средба со вработените на Регионалниот центар за управување со кризи Струга, при што се запозна непосредно и со дел од работата и активностите на територијата што ја покрива регионалниот центар.

Во поглед на вежбовните претстојни активности, Центарот за управување со кризи со повеќеслојни општествени, конференциски и теренски активности поврзувајќи ја и науката и професионалците и од владиниот и од невладиниот сектор од областа на кризн менаџмент, одбрана и безбедност, организира, реализира и координира државен и меѓународен континуитет на НАТО проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби во Западен Балкан“. Проектот произлегува од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“ (СПС – SPS) и од веб-базираната платформа „Следна генерација систем за командување и управување со инциденти (НИКС – NICS). Во таа насока е и одржувањето на конференциско-теренска работилница на Носечката група за имплементација на НИКС на национално ниво, на тема „Подготовки за финалната конференција на НАТО ЕАДРЦЦ (NATO EADRCC) вежбата „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021 – НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS)“ во функција на претстојната вежба во Струга. Учествуваат повеќе учесници од субјектите од Системот за управување со кризи, организирани во неколку вида носечки групи за активности. На работилницата зедоа учество и професори од Универзитетот на Југоисточна Европа, почитуваните: д-р Висар Шеху, д-р Адриан Бесими, д-р Агрон Чауши и д-р Дашмир Истрефи. Покрај групата за непосредна реализација на работилницата, членови на посебните носечки група за теренски активности се од: МВР, ДЗС, ЦКРСМ, ЕВН, ИОМ, општините Охрид и Струга и од ЦУК.

На работилницата, под водство на кодиректорот на проектот д-р Урим Вејсели, прво се дискутираше за можностите на дел од 15-етината посебни локациите одредени како точки за вежбовните активности, со посебен акцент на командната и сместувачка точка – База за операции. Дискусијата, заедно со теренската заедничка директна опсервација на дел од локациите доведоа до заклучоци за можностите на локациите, за нивно доуредување и за конкретизирање на дел од целите на вежбовните точки. Посебна дискусија беше развиена за наредните претстојни активности на ниво на носители на планирачките тимови за спроведување на вежбата од нашата држава и носители планирчки тимови од НАТО ЕАДРЦЦ. Притоа, беа најавени и наредните активности меѓу коишто е и претстојната идна работна средба во Домот на армијата во Скопје.

За време на сите активности при овој голем настан, организиран и координиран од ЦУК, беа преземени и запазени сите безбедносни и здравствени мерки за заштита од вирусот „КОВИД 19“, согласно здравствените протоколи.

Слични содржини