ЦУК: Пожарот кај пругата Скопје-Велес е ставен под контрола

од Nikola Popovski

Пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред ЖС-Рајко Жинзифов кај село Сл’п, е ставен под контрола, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Според нивните информации, екипите од ШС Бабуна и ТППЕ Велес остануваат на терен до целосно ликвидирање на истиот.

Пожарот зафатил површина од околу 200 хектари ниско стеблеста шума, трња и габер.

Слични содржини