ЦУК: Пожарот во атарот на делчевско е активен, има нови жаришта

од Берта Китинска

Според последниот извештај на ЦУК  до 14 часот 8.8.2021 година:

Пожарот во атарот на делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта.

Првата локација кај с. Разловци м.в „чокалица“. Пожарот е локализиран но екипите се суште на лице место.

Другата локација е во атарот на с. Тработи и Нов Истевник нат Света Вода.

Пожарот е ставен под контрола, каде остануваат 4 вработени од ШС да се контролира и понатаму а останатите се повлечени и упатени на другата локација кај с. Разловци.

ТППЕ Делчево со 10 пожарникари;

ШС Делчево со 5 вработени;

АРСМ со 29 припадници;

МВР со 40 припадници;

Гранична полиција со цистерна;

ЈКП Делчево со цистерна.

2ПП екипи од Р. Бугарија

Локализиран кај Нов Истевник:

ШС Делчево со 4 вработени;

МВР со 14 припадници

Пожарот на територијата на Општина Пехчево е суште активен истиот се проширува на територијата на Општина Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја на с. Будинарци. Се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.

Пожарот кој беснее во атарот на с. Будинарци од силниот ветер се шири кон атарот на с. Мирашинци каде гори борова шума.

Интервенираат:

АРСМ 22 припадници;

ПП Австрија 60 припадници;

ПП Словенија 45 припадници;

Месно население 15;

Останати субјекти околу 60 лица.

ТППЕ- Штип во 12:00 часот, добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на с. Драгоево во Општина Штип.

Има сознанија за ново жариште кај с. Богословец на територијата на Свети Николе.

Интервенираат:

ТППЕ-Штип со 1 ПП возило и 4 пожарникари

ШС Серта со 1 возило и 4 луѓе

Од страна на БППЗ и од ШС Караџица сме известени дека пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата.

Гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот нема ниту една екипа.

Контактирано е со Председателот на Совет на општина Сарај кон не извести за истата состојба.

Во врска со пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, превземени се активности од страна на Кризниот Штаб со употреба на воздухоплови. По нивни налог евакуирани се сите актери во гаснењето на овој пожар на безбедна оддалеченост.

По наводите на техничкиот директор на ШС Караџица, како и врз основа на контактите со луѓето кои се на теренот, направен е до сега еден прелет каде водата паднала на пожарот но по кратко време пак се разгорел и се проширил.

Пожарот сега се движи кон с. Дивље и поради дејството на авијација, оневозможено е гаснење од земја.

ШС- Караџица известува за димење кон Преслап на Китка. Добиено е известување од нивни шумар дека се работи за чадење од пожар и со време губи на сила.

Од ТППЕ Св. Николе известуваат дека во 11.30 часот повторно е активиран, односно препален пожарот кај Богословски рид.

ТППЕ- Свети Николе со 1 возило и 4 пожарникари

Пожарот кај Крушје- Џидиминци е локализиран и не се шири.

Во 11 часот дејствуваа воздухоплови кај с. Дивље на скопска страна но сеуште димат дрвја во внатрешноста на пожарот. Лицата на терен од велешка страна го контролираат пожарот на теренот.

ШС- Бабуна со 6 вработени

Пожарот кај с. Иванковци – с Мамутчево е изгаснат.

Опожарени се 8 хектари стрништа.

Интервенираат:

ТППЕ Велес со 2 пожарникари и 1 ПП возило;

ШС Бабуна со 1 вработен;

Месно население.

Во Прилепско во моментот има 2 активни пожари на отворен простор и тоа:

-во атарот на селата Дрен- Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума.

-Во 10:10 часот повторно е реактивиран пожарот кај с. Топлица покрај магистралниот пат Прилеп- Градско.

Интервенираат во с. Дрен- Смолане

ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари и 2 ПП возила.

10 вработени од НШ- Црн Бор, Прилеп

Интервенирааат во с. Топлица:

ТППЕ- Прилеп со 1 возило и 3 пожарникари

ТППЕ Тетово известува за помал пожар покрај патот Шипковица-Бродец каде гори сува трева.

Интервенира:

ТППЕ- Тетово

Помал пожар во атарот на с. Романовце на опожарена сува трева.

Интервенира:

ТППЕ со 1 возили и 2 пожарникари

Слични содржини