ЦУК: Во Кочани има уште еден активен пожар, предизвикан од паднат далекувод

од Nikola Popovski

Од Центарот за управување со кризи известуваат за ситуацијата со пожарот во кочанскиот регион и градот Кочани. Според нив, до 20 часот, има пожар во близина на с. Бели.

– Пожарот во неколку нарати е загасуван но истиот се разгорува и во моментот е вон контрола и претставува опасност кон склад на Макпетрол, кон Драчевик и Белско маало. Според дојава на граѓани пожарот е сосема до куќите.ТППЕ Кочани се наоѓаат на терен како и екипа од ТППЕ Виница со 2 ПП мв и 4 пожарникари. Барања од граѓани за дополнителни сили бидејќи постоечките не можат да задоволат. Во Кочани има уште еден активен пожар, предизвикан од паднат далекувод кај мв Костин Дол и истиот за кратко време се има проширено кон шумски предел и е вон контрола. За истиот е побарана интервенција од воздух, стои во соопштението на ЦУК.

Според неофицијални информации, засега нема повредени лица во пожарите, а медицински екипи од здравствените установи во околните градови се мобилизираат во случај да има потреба за интервенција.

Премиерот Зоран Заев вечерва ја напушти централната манифестација на Мечкин Камен по алармантните вести дека голем пожар има во Кочани и заедно со министерот за здравство, Венко Филипче замина накај загрозеното место.

Врховниот командант на АРМ Стево Пендаровски попладнево издаде наредба армијата да се ангажира во целосен капацитет во гаснењето на пожарите низ земјава.

Слични содржини