Цукерберг објави до кога ќе бидат блокирани профилите на Трамп на социјалните мрежи

од Nikola Popovski

Фејсбук и Инстаграм ќе ја продолжат забраната за социјалните мрежи на американскиот претседател Доналд Трамп најмалку во следните две недели се додека не заврши трансферот на власта во САД, објави денеска директорот на компанијата Фејсбук, Марк Цукерберг.

Претходно беше објавено дека социјалните мрежи Твитер и Фејсбук привремено ги заклучија профилите на Трамп поради неговите, како што велат, неосновани тврдења за кражба на претседателските избори сред немирите во главниот град на земјата.

Твитер побара од Трамп да избрише три коментари од неговиот профил како резултат на невиденото насилство во Вашингтон, откако неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот на Капитол Хил и се судрија со полицијата, при што четворица, објави Ројтерс.

Компанијата „Твитер“ соопшти дека следното кршење на нивните правила ќе доведе до трајно бришење на профилот на Доналд Трамп.

Фејсбук подоцна објави дека ќе го спречи Трамп да објавува коментари 24 часа за прекршување на две нивни правила, додека „Твитер“ го затвори на 12 часа.

„Фејсбук“ и „Јутјуб“, кои се во сопственост на „Алфабет Гугл“, исто така отстранија видео во кое Трамп продолжи да обвинува за наводна кражба на претседателските избори, иако ги замоли своите приврзаници да си одат дома, пренесува Танјуг.

Видеото е отстрането и од Инстаграм и од профилот на претседателот, кој исто така ќе биде заклучен 24 часа, нагласи Адам Масури, првиот човек на Инстаграм, преку Твитер.

„Јутјуб“ не ја коментираше сметката на Трамп.

Слични содржини