Цвекло на највкусен начин: Дали сте јаделе чорба од цвекло?

од desk2

Цвеклото се смета за зеленчук кој благотворно делува на нашата крвна слика. Досега го користевме како дел од салата, приготвено во тегла или пак рендано, во комбинација со морков или зелка.

Поради неговите придобивки кои човекот може да ги почувствува преку подобрување на здравјето, за вас пронајдовме еден нов, интересен и лесен рецепт за јадење, но и за подготвување.

Состојки:
– 2 Варени цвекла
– 2 Варени моркови
– 1 Поголем варен компир
– 1 Млад кромид или праз
– 2-3 чешниња лук
– Сол и малку масло
– 1 Лажица павлака (може и без тоа)
– Малку сварена супа или чиста зовриена вода

Подготовка:
Младиот кромид ситно испржете го на маслото. Сварете го цвеклото, морковот и компирот, па ставете ги во блендер и додадете го лукот и пржениот кромид и малку супа. Сето тоа убаво изблендирајте го. Истурете ја смесата во сад, па ако е многу густа, додадете уште малку супа или чиста зовриена вода.

Посолете и додадете полна лажица павлака и измешајте. Вашата чорба е готова.

Доколку сакате ова јадење да биде посно, исфрлете ја павлаката.

Слични содржини