Цвета продажбата на лажни негативни ПЦР тестови

од Vladimir Zorba

Бидејќи повторно се распламти пандемијата, многу земји бараат негативен резултат на тест за да одобрат премин на граница, па многу туристи купуваат лажни тестови за да ги заобиколат овие правила.

Праксата на фалсификување или купување лажни резултати се појавува на различни места ширум светот, меѓу кои се и Бразил, Франција и Велика Британија, пренесува Washington Post.

Група фалсификатори продавале лажни негативни резултати на парискиот аеродром Шарл де Гол, по што биле уапсени. Тие барале од 150 до 300 евра за дигитална потврда на негативен резултат. Лажните потврди ги имале на мобилен телефон, а го имале и името на медицинска лабораторија што се наоѓа во Париз.

Полицијата во Бразил неодамна уапси четворица домашни патници кои фалсификувале тестови за да го посетат островот Фернандо де Нороња со приватен авион.

Слични содржини