Цветковиќ: Се‘ додека сметате дека некои жени заслужуваат и си го бараат, вие поддржувате насилство врз жени и семејно насилство!

од Берта Китинска

Вчера вечер Моника Конопова објави информација и фотографии од семејното насилство кое го доживеала од нејзиниот татко, а кое вклучува претепување, обид за убиство, кршење на нос и вилица, напиша на својот Фејсбук профил Ирена Цветковиќ  доктор од областа на родовите студии.

Таа вели дека еден значителен дел од коментарите, статусите и твитовите кои следеле биле поддршка на насилството, оправдување на чинот, исмевање и навреди кон жртвата.

-Ако се прашувате како може некој да се смее или поддржува насилство врз жени, тогаш треба малку да го промените прашањето во КОИ ЖЕНИ ОПШТЕСТВОТО ГИ СМЕТА ЗА НЕДОСТОЈНИ И НЕВРЕДНИ ЗА ПОДДРШКА И ЗАШТИТА ОД НАСИЛСТВО? Моника употебува канабис и е активистка за легализација на канабисот. Таа не се срами од нејзините практики на употеба на канабис, а не се срами ни од своето тело, па понекогаш се слика провокативно на социјалните мрежи. Заради тоа, таа е дефинирана како „наркоманка и курва“ (небаре корисничките на дроги и сексуалните работнички смеат да се тепаат), а чинот на насилство е дефинриан како смешен, очекуван, воспитно-образовен, потребен. Лицемерие е мал збор да се опише ставот кон овој случај на насилство врз жени. Тоа е, без дилема, насилнички чин кое ја виктимизира жртвата и ја подложува на дополнително страдање и траума. Едноставно е, ако сте против насилство врз жени тогаш мора да застанете на ставот дека НИЕДНА ЖЕНА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ЖРТВА НА НАСИЛСТВО. НИЕДНА! Се‘ додека сетате дека „сепак некои жени провоцираат/заслужуваат/си го бараат насислтвото вие ПОДДРЖУВАТЕ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО!, пишува Цветковиќ.

Вчера вечер Моника Конопова објави информација и фотографии од семејното насилство кое го доживеала од нејзиниот татко,…

Публикувахте от Irena Cvetkovik в Сряда, 27 май 2020 г.

 

Слични содржини