Тухел го потврди трансферот на Кукуреља

од Vladimir Zorba

Челси и Брајтон се во завршна фаза и се очекува за неколку часа да го објават договорот за Марк Кукуреља. Двата тима веќе постигнаа договор и се во фаза на изработка на документацијата, изјави Томас Тухел на денешната прес-конференција пред почетокот на сезоната во Премиер лигата.

„Сè уште не е сè завршено, но се работи на документите и се надеваме дека ќе можеме да завршиме пред ручек. Тој е фантастичен млад играч, многу интелигентен и може да игра на повеќе позиции во нашиот систем. Доколку дојде кај нас, тогаш постои можност Леви Колвел да замине на друго место, каде што ќе игра повеќе. Тоа исто така ќе помогне да се намали притисокот од Бен Чилвел. На оваа позиција ги имаме и Маркос Алонсо и Емерсон, но Марк е опција за оваа позиција, но може да игра и во бековската тројка (како трет централен дефанзивец), го има профилот на Аспиликуета, но со левата нога. Тоа ни дава многу можности“, изјави Тухел.

Слични содржини