Тухел незадоволен: Нејмар, Кавани и Мбапе ќе доцнат, а првенството ќе почне рано

од desk2

Фудбалерите на Пари Сен Жермен беа поразени со 3:1 од Баерн Минхен на Интернационалниот куп на шампионите во Клагенфурт.

Претходно, ПСЖ загуби и во пријателски натпревар со Шамбли, а новиот тренер на парискиот клуб Томас Тухел и тогаш настапи со комбиниран состав од млади и неискусни играчи.

Тухел уште извесен период нема да го има на располагање комплетниот состав, бидејќи Нејмар, Едиnсон Кавани и Килијан Мбапе, по настапот за нивните репрезентации на Светското првенство во Русија, сега се на одмор.

– Имаме исклучително силен напад со Нејмар, Кавани и Мбапе, па затоа и се радувам на идната соработка со нив. Но, ќе мора да почекаме уште малку, бидејќи доста играа на Светското првенство. За жал тие ќе доцнат, а првенството ќе почне рано. Секако дека не сум среќен поради тоа, истакна Тухел.

Додека не дојдат останатите главна ѕвезда во тимот е новиот голман Џанлуиџи Буфон.

За фудбалерите на ПСЖ француското првенство ќе започне на 12 август, а во првото коло ќе играат против Каен.

Слични содржини