Тухел официјално стана нов тренер на Челси

од Nikola Popovski

Томас Тухел пристигна во Лондон по две и пол години работа во ПСЖ, каде неодамна доби отказ и од вторник официјално ќе го води Челзи од клупата.

Тухел пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ само неколку недели по отказот што го доби во Париз, а навивачите на Челзи веројатно немаат идеја дека на нивната клупа ќе седне добар тренер, но и еден од најпопуларните германски имиња.

Станува збор за првиот менаџер од Германија на кормилото на „сините“ од Лондон. Тухел беше во ПСЖ, со кого освои четири трофеи и играше во финалето на Лигата на шампионите. Претходно, седум години работеше во Бундеслигата, поточно во Мајнц и Борусија Дортмунд.

 

Слични содржини