Тухел скршен по отказот од Челзи, си ја отвори душата

од Nikola Popovski

Поранешниот менаџер на Челзи, Германецот Томас Тухел, призна дека тешко го прифатил отказот, кој го доби на клупата на лондонскиот клуб, пренесуваат британските медиуми.

Тухел за прв пат се огласи на социјалните мрежи, откако пред пет дена доби отказ од Челзи по поразот од Динамо (0:1) во Загреб во првото коло од Лигата на шампионите.

„Ова е една од најтешките изјави што некогаш сум морал да ја напишам и за која се надевав дека нема да морам да пишувам уште многу години. Уништен сум што моето време на клупата на Челзи заврши. Ова е клуб во кој се чувствував како дома, и професионално и лично“, напиша Тухел.

Тој им се заблагодари на колегите, играчите и навивачите на Челзи за поддршката.

„Гордоста и задоволството што го почувствував помагајќи му на тимот да ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство ќе останат со мене засекогаш. Горд сум што бев дел од историјата на клубот и сеќавањата од последните 19 месеци секогаш ќе имаат посебно место во моето срце“, напиша германскиот тренер.

Тухел (49) го предводеше Челзи 100 натпревари и оствари 60 победи, со 16 порази и 24 нерешени.

Слични содржини