Тупанчески го информираше заменик шефот на делегацијата на ЕУ, Васало за процесот на скрининг

од Берта Китинска

Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со Џулијан Васало, заменик шеф на делегацијата на ЕУ. Се разговараше за евроинтегративниот процес и одвивањето на скринингот .Тупанчески го информираше Васало за активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на реформите на судството и законодавната агенда.

Поглавјето 23 ,,Правосудство и фундаментални права ” e клучно во преговарачкиот процес. Нашата држава останува да биде максимално посветена во исполнувањето на обврските со цел да се овозможи напредок, владеење на правото,функционални институции. Министерот за правда Никола Тупанчески порача дека би било добро во рамките на Министерството за правда да се формира посебна група која ќе биде фокусирана на преговарачкиот процес.

Заменик шефот на делегацијата на ЕУ , Џулијан Васало беше информиран за подготвката на новата стратегија за правосудниот сектор со Акциски план 2023-2027 како и за законодавната агенда.Во собраниска постапка се Законите за Академија на судии и јавни обвинители, за граѓанска одговорност, за адвокатура ,за парнична постапка, за измени на Кривичниот законик. Во фаза на изготвување се Кривичниот законик како и законите за кривична постапка, за помилување, за амнестија,за управување со конфискуван имот, за вештачење.

Во текот на годинава ќе следат избори на судии и обвинители со што ќе се зајакнат капацитетите.Шефот на делегацијата на ЕУ, Џулијан Васало истакна дека ќе продолжи поддршката во евроинтегративниот процес а соработката ќе се интензивира и во наредниот период.

Слични содржини