Тупанчески: Новиот Закон за вештачење влегува во владина процедура

од Nikola Popovski

Со новиот Закон за вештачење кој за десетина дена ќе влезе во владина процедура се очекува да се надминат сите недостатоци и дефекти кои се случуваат во моментов во оваа сфера.

Ова го најави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на дигиталната судница во Основниот кривичен суд Скопје.

,,Констатирани се дефектите и јас мислам дека тоа законско решение ќе овозможи решавање на сите досегашни наталожени проблеми почнувајќи од тоа како ќе биде изработен регистарот на вештаци, како ќе се добива лиценца и т.н. Законот ќе содржи прецизни правила за тоа како ќе се одвива вештачењето во иднина”, рече Тупанчески.

Прашан за тоа што може министерството да направи за предметот за случајот „Ласкарци” кој подолго време го чека супер вештачењето, Тупанчески потенцира дека не сака да коментира одделни случаи.

,,Министерството за правда се обидува, во рамки на своите ингеренции, на создавање на оптимални услови, но работата за правораздавање е сепак работа на судовите и останатите субјекти кои се учесници во постапките”изјави Тупанчески.

Слични содржини