Тупанчески-Петровиќ: Се подготвува нов Кривичен законик

од Берта Китинска

Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.

„На средбата се разговараше за билатералните односи на двете држави, реформите во судството. Министерот Тупанчески ја информираше амбасадорката Петровиќ за законодавната агенда, подготовката на нов Кривичен законик. Закон за кривична постпка, Закон за помилување како и за пакетот закони со кои се зголемуваат платите за 15% во судската и јавнообвинителската дејност“, информираат од кабинетот на министерот.

„Амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ изрази задоволство од досегашниот дијалог на двете држави истакнувајќи дека нема отворени прашања и се надева дека соработката ќе продолжи и во наредниот период“, се додава во соопштението на надлежните.

Слични содржини