Тупанчески: После 26 години добиваме нов и модерен Кривичен законик со кој ќе се подигне правната сигурност на граѓаните

од Nikola Popovski

Министерството за правда во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше стручна расправа за предлогот на новиот Кривичен законик.

,, Процесот на изработка на нацртот на Кривичниот законик го започнав како професор по казнено право – член на работната група, а го завршувам како министер за правда. Законите не може да бидат алатка на политиката, туку рамки и граници за легитимното политичко дејствување, а казненото право како ultima ratio и највисок степен на заштита треба да биде крајната граница преку која не смее да премине никој”,рече во своето обраќање министерот за правда Никола Тупанчески.

Нацртот на новиот Кривичен законик беше објавен на сајтот на Електронскиот национален регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР) уште на почетокот на јули оваа година. Поминаа повеќе од четири месеци во кои секој имаше можност да се запознае со нацртот и да го достави своето мислење и предлог.

Беа добиени голем број на мислења, коментари и предлози кои внимателно беа разгледани и сѐ уште се разгледуваат од страна на работната група. Целта на министерството за правда е да добиеме нов, модерен, кодифициран акт – нов Кривичен законик во кој ќе бидат инкорпорирани сите решенија и стандарди од релеватните меѓународни инстументи со кој ќе се подигне правната сигурност на граѓаните, а на практичарите ќе им биде олеснета примената на неговите одредби во функција на ефикасно правораздавање.

Во подготовката на законикот учествуваа и одреден број на странски експрети кои повремено се вклучуваа во дискусиите, зависно од темата, а исклучително корисни беа и мислењата кои беа доставени по предлог – одредбите од истакнатеи германски професори и практичари од сферата на казненото право што беше овозможено од страна на Германската фондација за меѓународна правна соработка – ИРЗ.

Значаен придонес дадоа и претставниците на другите министерства, агенции, управи, финансиски институции и други, кои на покана на министерството за правда учествуваа на состаноците посветени на казнено-правни прашања поврзани со сферата во која се надлежни.

Слични содржини