Тупанчевски-Јовески: Неопходна е финансиска независност на Јавното обвинителство

од Nikola Popovski

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со министерот за правда Никола Тупанчески. На средбата, меѓу другото, се разговарало за измената на повеќе закони кои во претстојниот период треба да овозможат непречено функционирање на работата на јавните обвинителства.

Освен ова, Јовески и Тупанчески дискутираа за неопходноста за кадровска доекипираност и финансиска независност на Јавното обвинителство (ЈО), за зајакнувањето на внатрешните контролни механизми и за осовременување на системот за распределба на предметите.

Јавниот обвинител Јовески го запозна новоизбраниот министер за правда со донесениот правилник за начинот на оценување на работата на јавните обвинители.

Слични содржини