Тупанчевски: Моделот со кој беше избран Абази покажа одредени слабости

од Nikola Popovski

Министерот за правда Никола Тупанчевски не сакаше многу да го коментира изборот на Ислам Абази за нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

-Сепак извршната власт добро ќе биде да се држи до своите надлежности. Не е неважно каков е изборот. Ова е трет модел каде што се обидуваме да стигнеме до вистинскиот модел каде што ќе бидат исклучени надворешните влијанија во однос на изборот на првиот човек на Обвинителството. Моделот кој што во моментов го тестиравме покажа одредени слабости. Во иднина треба да се преземе е дека тој модел не е доизграден и доколку бидат додадени некои дополнителни критериуми во однос на изборот на обвинителот, мислам дека ќе би стигнале до подобри резултати и пообјективен избор, рече Тупанчевски.

Министерот истакна дека ги видел фотографиите на Абази со членови на ДУИ и вели дека „времето ќе покаже дали навистина овие хипотези и претпоставки после неговиот избор имаат реална основа“.

-Комуникацијата не може да биде исклучена, но најважно таа да не биде злоупотребена, додаде министерот за правда.

Слични содржини