Тупанчевски очекува завршница и одговорност за случајот со претепувањето на „Боки 13“

од Nikola Popovski

Апсолутно треба да се постапи во однос на настаните што се случија во „Идризово“ и верувам дека ќе имаме завршница. Доколку има елементи за кривично дело, ќе постапи Јавното обвинителство, изјави денеска министерот за правда, Никола Тупанчевски во однос на претепувањето на поранешниот тв водител Бојан Јовановски – Боки 13 во затворот во Идризово.

Во однос на затворската управа, Тупанчевски вели дека треба да постапи и полицијата.

-Доколку се утврди било каква одговорност и за припадниците на КЗУ „Идризово“ и во однос на сите инволвирани субјекти треба да има одговорност. Дали ќе има дисциплинска пријава или кривична, да го оставиме тоа на надлежните органи за постапување, одговори министерот.

„Боки 13“ во четвртокот бил претепан во затворот „Идризово“ каде издржува повеќегодишна затворска казна.

Според соопштението, Јовановски бил пренесен во болницата „Мајка Тереза“ во Скопје откако додека се шетал во дворот на затворот бил претепан од три лица.

Јовановски е во затворот „Идризово“ од 23.06.2021 година, каде ја издржува деветгодишната затворска казна на која беше осуден за случајот „Рекет“ затоа што својата невладина организација ја користел за измама и перење пари.

Слични содржини