Тупанчевски: Повеќе од 1.200 луѓе ако не ја платат паричната казна, ќе мора да одат во затвор

од Stefanija Kuzmanovska
302 прегледи

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, гостуваше синоќа во „360 степени“ каде истакна дека мора да се однесе нов Закон за амнестија зашто на 1.200 граѓани им се заканува затворска казна.

Министерот вели дека во претходните две и пол години граѓаните направиле кривично дело со тоа што ги прекршиле забраните воведени поради ковид-19.

„Тоа се лица кои ги прекршија ковид-мерките и станува збор за повеќе од 1.200 луѓе, кои ако не ја платат паричната казна, ќе мора да одат во затвор. Мора да најдеме брзо решение“, рече Тупанчевски.

Слични содржини