311
Турција одби да го прифати сочувството од Соединетите Американски Држави по терористичкиот напад во Истанбул, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
„Знаеме од каде е координиран нападот. Ја добивме пораката и знаеме за што се работи. Не прифаќаме сочувство од Американската амбасада. Ние не сме лоши кон никого, но повеќе не можеме да ги толерираме овие подли постапки. Улицата Истиклал е наше дете. Да не го фатевме напаѓачот, тој денеска ќе избегаше во Грција“, рече министерот, пренесе Си-Ен-Ен Турк.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер претходно изјави дека САД го осудуваат чинот на насилство што се случи во Истанбул и им изразува сочувство на семејствата на жртвите.