Турција ја дочекува зимата без проблеми со енергенсите, тврди Ердоган

од Nikola Popovski

За разлика од европските земји, Турција влегува во зима без никакви енергетски проблеми, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Додека европските земји размислуваат како да зимаат поради енергетската криза, ние мирно влегуваме во зима, рече Ердоган, а пренесе ТАС С.

Покрај тоа, тој ја повтори намерата на Анкара да добие пченица од Русија за да ја преработи во брашно и бесплатно да ја испрати во сиромашните земји.

Претседателот на Турција најави и планови за масовно производство на првиот турски борбен авион без пилот „Бајрактар ​​Кизилелма“.

Слични содржини