Турција: Парламентарна комисија го одобри предлог-законот за членство на Финска во НАТО

од Vladimir Zorba

Комисијата за надворешни работи на турскиот парламент денеска го одобри предлог-законот за членство на Финска во НАТО.

Сега таа треба да биде одобрена од собранието до 26 март, објави турската телевизија ТРТ.

Протоколот до парламентот го испрати претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесе ТАСС.

На 17 март тој ја објави подготвеноста на Анкара да ја ратификува кандидатурата на Финска за влез во НАТО.

Слични содржини