Турција: Поплави во областите погодени од земјотресот, има жртви (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Силниот дожд кој зафати делови од Турција предизвика поплави, во кои животот го загуби најмалку едно лице.

Поплави се случија во градовите Адијаман, кој беше уништен од разорните земјотреси на почетокот на февруари, и Шанлиурфа, каде секојдневниот живот е загрозен.

Според турските медиуми, најмалку три лица се водат како исчезнати во Адијаман, а шест во Шанлиурфа, додека спасувачите и нуркачите трагаат по нив.

„Има извештаи за исчезнати лица, но не можеме да ги потврдиме. Нашите екипи се обидуваат да стигнат таму со брод. Временските услови не се поволни за лет со хеликоптер“, изјави градоначалникот на Шанлиурфа.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види како водата поплавила куќи и згради, возила се заробени, додека поројот носи се пред себе.

Медиумите јавуваат дека дождот паѓа од вчера, додека метеоролозите предупредуваат дека денеска ги чека најтешкиот ден.

Слични содржини