Турција: Штетата од земјотресот над 100 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska

Штетите предизвикани од катастрофалните земјотреси во Турција на почетокот на февруари достигнаа бројка од 103,6 милијарди долари, што е околу девет отсто од проектираниот БДП за 2023 година, соопшти денеска министерството за финансии во Анкара.

Таа сума е шест пати поголема од штетата предизвикана по земјотресот во Мармара во 1999 година.

Најголем дел од штетата, 54,9 отсто, е причинета на станбени згради во износ од 56,9 милијарди долари, објави порталот на турскиот канал „НТВ“.

Слични содржини