Турција нема да ги повлече војниците од Ирак. Овој коментар го даде претседателот Реџеп Таип Ердоган како одговор на ултиматумот на Ирак од 48 часа Анкара да ги повлече војниците.

erdogan

Министерството за надворешни работи на Ирак изјави дека турските сили влегле на ирачка територија, без знаење на Багдад, кој гледа на нивното присуство како “непријателски чин”.

(ВИДЕО) Станува опасно! Инвазија врз Ирак- влегуваат 100 000 војници !

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган Ердоган коментира дека војниците биле распоредени во 2014 година како одговор на барање од страна на ирачката влада. Тој истакна дека воениот контингент не вклучува борбени сили.

“Нашите војници беа испратени во Ирак со цел обука на локалните војници. Турција не сака да придонесе за ескалација на тензиите. Ние ќе бидеме трпеливи. Јас верувам дека нашето трпение ќе ги зајакне нашите дипломатски односи”, рече Ердоган.

Багдад го затвори своето трговско претставништво во Истанбул во знак на протест против присуството на единица на вооружените сили на Турција во Ирак.

Ердоган најави дека трилатерален состанок со учество на одговорни претставници од Турција, САД и автономниот регион на Ирачки Крюдистан, ќе се одржи на 21 декември.

Слични содржини