ТУРЦИТЕ РЕВОЛТИРАНИ: Финска и Шведска не ги исполнија условите за НАТО

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Финска и Шведска се уште не ги исполниле сите услови поставени од Анкара за членство во НАТО.

– Гледаме некои позитивни чекори, особено укинувањето на ембаргото за оружје и промените во законодавството. Но, ова не е исполнување на сите услови – рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесе РИА Новости.

Столтенберг, пак, на истата конференција во Истанбул рече дека Хелсинки и Стокхолм ги исполниле условите за влез во НАТО.

На 18 мај Финска и Шведска поднесоа барање за влез во Алијансата, а Турција бара Шведска и Финска да престанат да им даваат засолниште на луѓето кои Анкара ги смета за терористи и бараат екстрадиција на одредени барани лица.

Од 30-те членки на НАТО, 28 веќе го ратификуваа во своите парламенти влезот на нордиските земји во НАТО, додека Турција и Унгарија се уште не го направија тоа.

Слични содржини