Бакингемската палата ќе ја отвори својата градина за посетителите кои ќе можат да ја истражат за првпат без туристички водич, објави Royal Collection Trust (RCT).
Традиционалното летно отворање на државните простории во палатата, кое обично привлекува илјадници луѓе, е откажано втора година по ред поради пандемијата на коронавирус, објави Би-Би-Си.
Посетителите кои ќе издвојат пари за тоа, ќе можат да талкаат низ приватната градина на кралицата од јули до септември.
Ќе им биде дозволено да организираат пикник на тревниците, но ќе бидат забранети скари, игри со топка и алкохол.