Туристичката сезона во Хрватска далеку над очекувањата

од Vladimir Zorba

Од почетокот на годината до денес, Хрватска е на 50% од ланската туристичка сезона, додека во август забележа дури 70 проценти од туристите во однос на август минатата година, што е, според хрватската влада, изненадувачки добар резултат, со оглед на пандемијата на коронавирусот.

„Хрватска се пополнува од ден на ден и постигнуваме импресивни бројки. Во август имаме голем број на посетители и скоро 70 проценти од туристите, споредено со август минатата година. Тоа е огромен број со оглед дека ова е најинтензивен туристички месец, рече државниот секретар во Министерството за туризам, Франко Матушиќ.

Тој предвидува дека овие бројки сигурно ќе се подобрат значително и посочува дека годишните проекции се веќе над сите очекувања и предвидувања.

Слични содржини