Туристичкиот промет во Германија преполовен како резултат на коронавирус

од Vladimir Zorba

Германскиот туризам претрпе големи загуби поради пандемијата на коронавирусот и во првата половина од оваа година бројот на ноќевања е скоро преполовена, објави во понеделникот германскиот завод за статистика во Визбаден.

„Во првите шест месеци од оваа година се регистрирани 117,5 милиони ноќевања, што е за 47,1 процент помалку отколку во истиот период минатата година“, соопшти Централниот завод за статистика.

Бројот на ноќевања на домашните туристи е намален за 44 проценти, а странските туристи за дури 60%.

Ситуацијата, како што е соопштено од Заводот за статистика, не се подобрила дури во јуни, кога стапи во сила олеснувањето на мерките за борба против коронавирусот и кога повторно беше дозволен туристички сообраќај.

Во јуни имало 29,5 милиони ноќевања во Германија, што е за 41,7 проценти помалку во однос на истиот период минатата година. Во исто време, забележани се 79 проценти помалку гости од странство.

Падот на бројот на туристи од странство особено ги погоди хотелиерите од градовите, кои најголемиот дел од ноќите ги остваруваат преку гости на саеми и конгреси, што дополнително се одложуваа.

Поради зголемениот број на нови инфекции во Германија, гостопримството и хотелскиот сектор не очекуваат брзо закрепнување и враќање во претходната состојба.

Економскиот институт Ifo во Минхен ги објави резултатите од истражувањето меѓу германските претприемачи, според кое членовите на секторот за туризам особено очекуваат подолго намалување на сообраќајот како резултат на кризата со короната.

„Пред се компаниите во угостителството и хотелскиот сектор очекуваат ограничувања за следните 13 месеци“, велат од Институтот Ifo.

Слични содржини