Туристите во Грција го избегнуваат задолжителното носење маски

од Stefanija Kuzmanovska

Туристичката сезона во Грција е отворена, мерките се олеснети, од 14 мај нема повеќе ограничено движење, градините и кафулињата се отворени … Шестмесечниот карантин е укинат, но полицискиот час и обврската за носење маски на отворено и во затворен простор остануваат.

Загриженоста на владата и епидемиолозите остана дека ненадејното враќање кон нормализирање на животот може да предизвика повторно разгорување на короната, бидејќи на дневна основа, Грција бележи околу две илјади нови случаи, меѓу 50 и 60 смртни случаи, а 650 пациенти се сè уште на респиратори. Полицијата е немоќна пред корона забавите кои со учество на најмалку илјада млади луѓе без маски се организираат на плоштадите во Атина, во Солун, Патра, на островите…

„Короната не исчезна, потребно е да се почитуваат овие неколку мерки кои ги задржавме. Слободата не значи неодговорност“, рече премиерот Кирјакос Мицотакис и навести дека владата ќе бара строго почитување на мерките.

Додека Грците генерално се придржуваат до обврската да носат маски затоа што многу од нив веќе добиле казна од 300 евра, загрижувачки е што се повеќе туристи ја игнорираат. Според епидемиолозите, маските ќе бидат задолжителни насекаде, освен на плажите и тоа најверојатно до крајот на септември.

Во меѓувреме, првите групи туристи пристигнуваат на островите.

Слични содржини