Турската лира со рекорден пад

од Vladimir Zorba

Турската лира објави нови најниски вредности во четвртокот и рано денеска, откако централната банка на земјата изненадувачки ја намали основната каматна стапка (од 19 на 18%, или пониска од инфлацијата во земјата), што според нив е сигнал до инвеститорите дека имаат намера да ја заштитат вредноста на нивната национална валута.

Лирата поевтини до 8,8 за еден американски долар, додека едно евро сега се менува за 10,30 лири, откако психолошката граница од 10 лири за првпат беше премината на почетокот на месецот.

Централните банки обично ги зголемуваат каматните стапки за да одговорат на високата инфлација, додека „ослабената“ лира најверојатно ќе ја зголеми поради повисоките трошоци за увоз.

Меѓутоа, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој продолжува да има силно влијание врз централната банка, продолжува да наметнува политики што ќе го олеснат пристапот до кредити.

Стратегијата, според експертите, е доста ризична, бидејќи инфлацијата е двојно зголемена во споредба со 2019 година, што има сериозно влијание врз обичните граѓани во земјата, кои имаат тешкотии да купат храна и други основни потреби.

Централната банка уште еднаш ги потврди своите намери да се бори за намалување на инфлацијата на ниво од 5%.

Високата инфлација во земјата, која во моментов е на ниво од 19,3% заклучно со август, е една од причините за сериозниот пораст на цените на имотот.

Според Knight Frank, Турција е на прво место по раст на недвижностите во светот со зголемување од 29,2%.

Слични содржини