Турски државјанин приведен: Сакал да замине од С.Македонија со лажна германска лична карта

Основното јавно обвинителство од Скопје покрена обвинителен акт против 19-годишен државјанин на Турција, кој сакал да излезе од македонскиот аеродром со лажна лична карта во припадност на Германија.

„Обвинетиот, на 25.12.2020 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, пред овластени службени лица употребил лажна јавна исправа – германска лична карта на туѓо име“, посочија од ОЈО.

Лицето се гони за кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Слични содржини