Турски министер за нападот во Истанбул: „Постојат две можности како се случила експлозијата“

од Nikola Popovski

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг во изјава за провладината телевизија „А Хабер“ изјави дека се испитува жена која седела на клупа во близина на местото на експлозијата околу 40 минути.

„Експлозијата се случи само неколку минути откако таа замина. Нејзиниот идентитет се уште е непознат, ниту пак е јасно која група би можела да стои зад нападот“, рече министерот.

Тој потоа додаде дека постојат две можности како дошло до експлозијата.

„Или во чантата имало механизам кој се активирал или некој од далеку го активирал механизмот. Истрагата се уште трае. Можно е намерно да го избрале тој дел од градот. Има многу странци, можеби сакале да испратат порака до светот. Турција е силна земја“, рече министерот.

Да потсетиме, на видеото од надзорната камера, која го сними моментот на експлозијата, се гледа торба покрај клупа на прометното шеталиште Истиклал во центарот на Истанбул.

На интернет кружи наводна фотографија од осомничената

Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и потпретседателот Фуат Октај објавија дека се сомневаат дека зад експлозијата во Истанбул стои жена, на социјалните мрежи почна да кружи фотографија од жена, за која корисниците се сомневаат дека може да е вмешана во нападот.

На видеото кое кружи по мрежите, може да се види жена со црн шал на главата во маскирни панталони како оди по улица и носи нешто што личи на црна торба.

 

Менаџерот на ресторан во близина на местото каде што експлодирала бомбата рече дека ја слушнал експлозијата и видел луѓе како трчаат.

Десетици муштерии во неговиот ресторан, меѓу кои и жени и деца, во паника почнале да врескаат.

Да потсетиме, силна експлозија се случи вчера околу 14:20 часот (наше време) на популарната пешачка авенија Истиклал.

Меѓу повредените има и српски државјанин од Ниш кој како турист бил во посета на овој град. Таа е во стабилна состојба, но ќе биде оперирана, бидејќи шрапнели и го повредиле рамото.

Слични содржини