Турскиот претседател ја прими вакцината против КОВИД-19, еве за која вакцина се одлучи

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган ја прими вакцината против КОВИД-19 во четвртокот. Ердоган прими доза од кинеската вакцина, КоронаВац, во Градската болница во Анкара.

„И јас примив вакцина“, е пораката што Ердоган ја објави на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Претходно во четвртокот започна вакцинацијата на здравствените работници низ цела Турција.

По вакцинацијата во болницата, турскиот претседател рече дека досега во рамките на успешната програма за вакцинирање се вакцинирани близу 300.000 здравствени работници.

Слични содржини