Турските провајдери го блокираа пристапот до Твитер заради снимки од Суруч

од desk3

download

Неколку турски провајдери на Интернет услуги денеска го блокираа пристапот до Твитер, во согласност со одлуката на локалниот суд со која се спречува диструбуирање на снимките од самоубиствениот бомбашки напад изведен пред два дена во Суруч, соопшти неименуван висок државен претставник.

Според него, Управата за комуникациски технологии, БТК, не е вмешана во забраната за пристап до популарната социјална мрежа и дека се вложуваат напори блокадата да се укине, пренесува Танјуг.

Во експлозијата во Суруч, за која турските власти имаат докази дека е дело на бомбаши самоубијци од Исламска држава, во понеделникот погинаа најмалку 32 лица, а околу 100 беа ранети, соошти турското Министерство за внатрешни работи.

Турската Влада денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледано засилувањето на безбедноста долж границата со Сирија после самоубиствениот напад во Суруч./МИА

Слични содржини