Турските сили убиле 184 терористи

од Nikola Popovski

Турските вооружени сили убија 184 терористи во дводневната воздушна операција „Канџа-меч“ во Сирија и Ирак, соопшти турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

„Од почетокот на операцијата „Канџа-меч“, со помош на авиони и поддршка од земја се убиени 184 терористи. Според нашите проценки, оваа бројка ќе расте. Ќе ја продолжиме борбата додека не биде уништен и последниот терорист“, рече Акар, како што се наведува во соопштението на турското Министерство за одбрана, кое го пренесе Танјуг.

Во текот на ноќта на 20-ти ноември Турција извршила воздушна операција „Канџа-меч“ во северен Ирак и Сирија во која учествуваа над 50 авиони и 20 дронови.

Слични содржини