Турција апси студенти и демонстранти поради ЛГБТ знамиња

од Vladimir Zorba

Полицијата во Турција уапси десетици луѓе кои денес се собраа пред судот да се солидаризираат со 12 студенти уапсени за развивање знамиња во боја на виножито, пренесоа турските медиуми.

Апсењата се одвиваат во време кога расте нетолеранцијата на владата кон ЛГБТ заедницата.

Студентите и вработените во истанбулски „Богазици“ од јануари редовно демонстрираат против одлуката на претседателот Реџеп Таип Ердоган да назначи нов ректор поврзан со владејачката партија на Турција. За време на протестот имаше неколку судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Полицијата вчераприведе 12 студенти кога развиле знаме на ЛГБ движењето за време на протест.Тие го осудија назначувањето на ректор, како и одлуката на Ердоган да ја повлече Турција од Истанбулската конвенција, која ги штити жените од насилство. Владини претставници велат дека Истанбулската конвенција „ја нормализира хомосексуалноста“.

Додека студентите денес беа на распит пред судот, полицијата приведе 42 нивни приврзаници пред зградата на судот, објави весникот „Евренсел“ и другите турски медиуми.

Сите 12 студенти подоцна беа ослободени со обврска редовно да се пријавуваат кај властите.

Слични содржини