Турција го повика францускиот шеф на дипломатска мисија поради карикатурата на Ердоган

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за надворешни работи на Турција го повика шефот на дипломатска мисија на Франција поради објавените карикатури на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во неделникот „Шарли Ебдо“, пренесува Си-Ен-Ен Турк.

Како што се наведува, Министерството за надворешни работи на републиката остро го осуди објавувањето на карикатурите и му го пренесе својот став по тој повод на претставникот на Франција.

Претходно беше објавено дека претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, го тужел францускиот сатиричен магазин поради навредливата карикатура. Самиот претседател на Турција изјави дека „непријателите на исламот“ кои ја објавиле карикатурата „ќе се удават во калта на омраза и непријателство“.

Франција и Турција имаат затегнати односи во врска со карикатурите на пророкот Мухамед, откако овој месец во Франција беше обезглавен наставник кој на учениците им покажал карикатури на час по слободен говор. Муслиманите сметаат дека секој приказ на Пророкот е богохулие.

Слични содржини