Турција: Ќе обезбедиме премин на украинските бродови со храна

од Stefanija Kuzmanovska

Турција работи со Обединетите нации за да обезбеди безбедно поминување на украинските бродови што пренесуваат жито и работи на воспоставување контактни групи на хуманитарните коридори во Украина, изјави турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавушоглу на конференцијата за храна организирана од САД.

„Ги поддржуваме напорите на генералниот секретар Антонио Гутереш за воспоставување хуманитарни коридори со цел да се обезбеди безбедност за преминот на храна. Заедно со ОН работиме на обезбедување на украинските бродови што превезуваат жито“, рече Чавушоглу, пренесе ТАСС.

Турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавушоглу изјави дека Турција се обидува да обезбеди безбедно поминување на украинските бродови што превезуваат жито.

Слични содржини