Турското Министерство за надворешни работи објави дека многу одлуки на самитот на Европската унија во врска со Турција се одвоени од реалноста и изрази загриженост за постојаниот повик на европскиот блок за воведување санкции кон Анкара.

Турското Министерство за надворешни работи објави дека многу одлуки на самитот на Европската унија во врска со Турција се одвоени од реалноста и изрази загриженост за постојаниот повик на европскиот блок за воведување санкции кон Анкара.

Кипар инсистираше европскиот блок да воведе санкции кон Турција, но беше задоволен со компромис за ревидирање на однесувањето на Турција во врска со истражувањето на енергијата во источниот Медитеран во декември, а потоа да воведе санкции доколку провокациите не престанат, објави „Ројтерс“.
„Не е конструктивно да се продолжи со употреба на јазикот на санкциите и да се опишуваат чекорите што ги презеде нашата земја во одбраната на нашите права и правата на кипарските Турци како нелегални“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
На самитот во Брисел, лидерите на ЕУ ја повторија целосната солидарност со Грција и Кипар и ја повикаа Турција да се воздржи од еднострани активности во регионот на Источен Медитеран кои се „спротивни на интересите на ЕУ и ги кршат меѓународното право и суверените права на земјите членки на ЕУ“.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.