127
Турција нема да го признае присоединувањето на Доњецката и Луганската Народна Република, областите Херсон и Запорожје кон Руската Федерација, како што никогаш не ја призна анексијата на Крим, изјави денеска од Токио турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
„Ја изразивме нашата загриженост за референдумот во Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон и јасно ставивме до знаење дека нема да го признаеме присоединувањето на украинските региони кон Русија“, предупреди шефот на турската дипломатија на својот Твитер профил.
Нема да ја признаеме анексијата на Крим и за тоа ја известивме Русија, изјави шефот на турската дипломатија.