Турција нема да се приклучи на санкциите против Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Турција нема да се приклучи на западните санкции против Русија, кои беа воведени поради украинската криза, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Тој наведе дека не воведуваат санкции и нема да се приклучат.

„Мораме да ги гледаме нашите интереси. Ако сите уриваат мостови, тогаш кој ќе разговара со Русија“, рекол Калин, пренесуваат агенциите.

Тој нагласи дека економските односи на Турција со Русија се такви што санкциите ќе и нанесат поголема штета на турската економија отколку на руската.

„Имаме јасна позиција (по прашањето за санкциите). Западот не го прифати тоа“, рече Калин.

Слични содржини