Актуелно
Почетна / Глобално / Балкан / Турција планира изграда на мега проект – Канал Истанбул

Турција планира изграда на мега проект – Канал Истанбул

Турција планира да изгради Канал Истанбул, долг 45 километри, кој ќе го растовари Босфор од бродскиот сообраќај и ќе спречи еколошки инциденти, како што се случуваа во минатото.

Предвидениот канал треба да го олесни бродскиот сообраќај помеѓу Црното и Мраморното Море, особено сообраќајот на танкери низ Босфорот. Каналот ќе биде изграден западно од центарот на градот, на европската страна на покраината Истанбул и треба да го зголеми дневниот капацитет од 160 пловила.

Мурат Курум, министер за животна средина и урбанизација на Турција, рече дека Канал Истанбул е многу важен проект за иднината на земјата, со нејзините крајбрежни структури, марини, пристаништа и логистички центри.

Тој нагласи дека студиите за потенцијалното влијание на проектот врз животната средина се при крај и оти проектот се спроведува со највисоко ниво на еколошка чувствителност.

– Бреговите на Босфор сигурно нема да бидат зафатени од изградбата. Неговиот историски, природен материјал ќе биде сочуван, рече министерот, потенцирајќи ја важноста на проектот и за Турција и за светот.

Шест големи несреќи предизвикаа смрт на 100 лица и протекување на 108.000 тони нафта во Босфор од 1960-тите досега.

loading...