Турција планира мисија на Месечината во 2023 година

од Берта Китинска

Турција планира да испрати мисија на Месечината како дел од својата национална вселенска програма во 2023 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Првото грубо слетување на Месечината ќе биде направено со нашата национална и автентична хибридна ракета, која ќе биде лансирана во орбитата на крајот на 2023 година преку меѓународна соработка“, рече Ердоган и додаде дека тоа ќе биде двофазна мисија.

Тој минатиот месец разговараше со шефот на „Тесла“, Илона Маск за можната соработка во областа на вселенските технологии со турските компании.

Турскиот претседател објави и програма со 10 стратешки цели, вклучително и испраќање на неговиот човек во научна мисија во вселената.

Турција го лансираше својот сателит во орбитата од Соединетите држави минатиот месец во соработка со SpaceX. Вториот сателит ќе биде лансиран во вториот квартал од 2021 година.

Ердоган најави дека Турција ќе работи на подобрување на сателитската технологија и дека ќе воспостави вселенско пристаниште со другите сојузнички земји.

Слични содржини