Турција побара апсење на 200 лица поврзани со Фетулах Ѓулен

Турските власти издадоа потерници за 238 лица како дел од операцијата насочена кон припадници на војската кои наводно се поврзани со имамот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за одговорен за неуспешниот обид за воен удар во Турција во 2016 година.

Акцијата, спроведена во 60 провинции, е дел од четиригодишната поголема операција против мрежата Ѓулен.

Ѓулен негира вмешаност во обидот за воен удар во јули 2016 година, кога беа убиени над 250 лица. По наредба на обвинителите во Измир, во последните полициски акции беа приведени 160 лица. Меѓу бараните лица има 218 активни војници, вклучително и шест полковници, тројца поручници и девет мајори.

Заклучно со јули 2016 година, околу 80.000 лица се приведени пред судење, 150.000 турски државни службеници, војници и други граѓани се отпуштени или суспендирани, а повеќе од 20.000 лица се протерани од турската војска.

Слични содржини