Турција почна да ги враќа припадниците на ИД во нивните матични земји

од Aleksandar Petrovski

Турција почна да ги испорачува заробените припадници на Исламска држава во матичните земји, соопшти денеска телевизијата ТРТ Хабер, откако турското Министерство за внатрешни работи минатата недела предупреди дека државата тоа ќе го стори дури и во случај на заробениците да им е одземено државјанството.

Засега не е позанто колку џихадисти се опфатени од репатријацијата.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган  во петокот кажа дека во турските затвори се наоѓаат 1.201 заробеник од Исламска држава, како и дека Турција заробила уште 287 екстремисти во Сирија, пренесоа британските медиуми.

Слични содржини