Турција: Притвор за 214 воени лица поради неуспешниот пуч во 2016-та

од Vladimir Zorba

Турското обвинителство издаде налози за апсење на 214 активни и поранешни воени лица поради наводна поврзаност со обидот за државен удар во 2016 година.

Поголемиот дел од осомничените беа ослободени од вооружените сили по неуспешниот пуч, но 44 се во активна служба, а највисокиот ранг на осомничените е полковник, пренесe „АП“, повикувајќи се на турската агенција „Анадолија“.

Истрагата, предводена од обвинителите во западниот град Измир, досега доведе до 137 апсења во 41 провинција.

Турција продолжува редовно да спроведува масовни апсења на осомничени следбеници на Фетулах Ѓлен, поранешен имам кого Анкара го обвинува за планирање обиди за преземање на власта, што доведе до смрт на 251 лице.

Ѓулен, кој живее во американската држава Пенсилванија од 1999 година, ги отфрла обвинувањата, а Турција ја прогласи неговата организација за терористичка група.

Вкупно околу 4.900 луѓе се осудени на затвор од неуспешниот државен удар, вклучително и околу 3.000 кои се осудени на доживотен затвор, додека повеќе од 130.000 луѓе се отпуштени од јавната служба, вклучително и повеќе од 20.000 припадници на војската.

Слични содржини