Турција: Проверен бродот со жито од Украина, продолжува да плови кон Либан

од Stefanija Kuzmanovska

Инспекциски тим ја заврши проверката на првиот брод за транспорт на жито, кој ги напушти украинските пристаништа под воени услови, а бродот е подготвен да помине низ Босфорот и да отпатува до својата крајна дестинација, Либан, соопшти турското министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека инспекцискиот тим ја завршил проверката на бродот „Разони“, кој плови под знамето на Сиера Леоне, пренесува АП.

Бродот бил прегледан од инспектори од Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.

Слични содржини